Вртоглавиците кои настануваат од вратните промени се јавуваат како во форма на губење на рамнотежата при промена на положбата на главата односно при вртење на вратот, било при стоење, пешачење, седење или станување од лежечка положба.
Зошто појава на вртоглавици?
Во субоксипиталниот дел односно на ниво на првите цервикални пршлени, има група мускули кои се збогатени од проприоцептивни нервни рецептори кои што праќаат сигнали во мозокот за положбата на главата и координацијата на очните движења. Кога има промена на поставеноста на цервикалните пршлени овие мускули се вкочуваат при што тие нервни проприоцептори праќаат сигнали во мозокот дека има промена на физиолошката функција на мускулите. Како одговор на овие промени мозокот праќа абнормални импулси кои што се во вид на појава на тие вртоглавици или да ги наречеме губење на рамнотежа.
Најчести фактори за промена на поставеноста на пршлените:
- Како најчест причинител каде што во 90% од популацијата во денешно време страда е губење на нормалната физиолошка лордоза на вратот!
- Дегенеративни промени на пршлените особено дегенерација на фасетните зглобови.
- Сколиоза на вратните пршлени.
- Дегенеративните промени на интервертебралните дискуси особено кога едната половина од дискусот се стеснува предизвикувајќи асиметрија на пршленското тело.
- Спондилолистези како најретка појава.
Како се третира цервикогената вртоглавица?
Третманот на цервикогената вртоглавица зависи од факторот односно причината на настанувањето. Сепак третманот треба да се фокусира во комплетното структурално решеније за да не се повторат симптомите. Симптоматолошкиот третман во нашата установа се состои од примена на миофасцијални техники за опуштање на субоксипиталните мускули со цел да се намали нивната тензија. Потоа се работи на структуралната терапија која што ние со нашите пациенти истраживме дека по применувањето на корективните вежби на вратните пршлени придонесоа 90% ослободување на симптомите настанати во подолг период. Додека 100% ослободување на симптомите по примена на миофасцијалните техники како симптоматолошка терапија.
- Доколку имате проблем со цервикогена вртоглавица закажете термин на тел: 071728908. Ние сме секогаш професионално спремни за да ви помогнеме да го решите проблемот.