Во физиотерапевтските лекувања топлината ние ја користиме за лекување на разновидни мускулоскелетни нарушувања како што е спазамот/згрченост или па во хронични фази на реуматолошките заболувања односно и при обична миалгија.
Физиолошки скелетните мускули и компонентите на фасција се во блиска интеракција. Софистицираниот мускулен систем им овозможува на луѓето да креваат тешки предмети односно овозможува да врши на брз и прецизен начин движења, како што е свирењето пијано. Скелетниот мускул е состоен од миофибрили, кои се формирани од конфлуентни и организирани мускулни клетки. Мускулната контракција се иницира од Калцијум (Ca2+) кој ги активира контрактилните протеини. Миозинот е ензим, кој игра улога на аденозин трифосфат односно АТП аза кој генерира сила врз актинските филаменти. Мускулната релаксација е посредувана од реапсорбција на Ca2+ назад во саркоплазмиот ретикулум преку АТП -консумирана пумпа. Енергијата се надополнува со гликолиза и респираторниот синџир. Сите овие ензимски процеси зависат од температурата и го почитуваат логаритамскиот закон АРЕНИУС (гледај слика 1).
Изолираната фасција има помали метаболични активности и состои помалку клетки и митокондрии за разлика од мускулното влакно. Вискоеластичноста на фасцијата се одредува според специфичниот состав на филаментите, хемиските врски и други фактори како што е хидрацијата. Одредени студии утврдуваат дека вискоеластичните својства на фасцијата зависат од температурата. Покачувањето на температурата од 40 степени врз фасцијата доведува до намалување на вкочанетоста и побрза елонгација на ткивото, што делумно може да се каже на зголемена растегливост на колагенот (Lehmann et al. 1970; Warren et al. 1971; Ciccone et al. 2006; Bass et al. 2007; Huang et al. 2009; personal data). Со други зборови постои релаксација на фасцијата за време на топлина. (слика 2).
Обратно од сето ова пасивното ладење доведува до зголемување на вкочанетоста на фасцијата (Muraoka et al. 2005). Спиналните лигаменти истотака се протегаат со температура.
При пасивно ладење врз фасцијата и мускулното ткиво има сосема други позитивни адаптивности, на пример кога е најпотребно дигање некој тежок предмет или па кога е потребна динамична стабилизација каде што миофасцијата станува по вкочанета и намален е ризикот за неговиот имбаланс.
Зошто најчести се случаите на укоченост во летните периоди?
Погоре е објаснато како температурата влијае врз миофасцијата. Процесот на релаксација која што се постигнува со зголемување на телесната температура каде што се добива поголема еластичност на фасција додека кај мускулите нагло настануваат метаболични промени на калциумот при што се реабсорбира во саркоплазмиот ретикулум, при нагла промена на температурата односно кога ладен воздух влиае врз телото настанува и нагла промена на овој процес каде што миофасцијата се вкочанува. Оваа нагла промена може да предизвика имбаланс на фасцијата при што следуваат ограничувања и болки во ткивата каде што настанала промената (пример: укочена кичма, врат, долни и горни екстремитети). Факт е дека и при имбаланс на миофасцијата кога се зголемува температурата во делот каде што настанало нарушувањето на фасцијта болките се намалуваат додека при пасивност особено наутро првите покрети се многу ограничени и болни (пример: кога настанува раздвижување на телото после извесен период се намалуваат ограничувањата).
Слика 1.
Слика 2.
Како се третира миофасцијалниот имбаланс?
Кај сите особи каде што настанала дисфункција загрижувачки е дека болките и ограничувањата не исчезнуваат наутро или при подолга пасивност во текот на денот. Не е решение со зголемувањето на температурата да се намалат симптомите! Ние во нашата ординација го детектираме тој миофасцијален имбаланс при што потоа вршиме корекција на истиот со што таа укоченост и ограничени движења се враќаат во нормала.
Како методи на третман користиме:
- FDM (fascial distortion model)
- Zensegrity
- Myofibrolysis diacutanea
- IASTM
- Voodoo flossing
- Dry needling