Истражување на 102 пациенти со постурални деформитети
ВОВЕД:
Пронација на стапалата претставува нормално движење на стапалото која настанува при самиот допир на стапалото со подот при трчање или одење. Пронацијата е составена од компоненти кардинални во три рамнини : субталарна еверзија, дорзална флексија, и абдукција на предниот дел на стапалото. Овие три различни движења на стапалото се случуваат истовремено за време на пронацијата. Пронацијата е нормална, посакувана и неопходна компонента на циклусот при одењето. Пронацијата е првата половина при фазата на стапнување, додека супинацијата ја започнува пропулзивната фаза кога петата почнува да се крева од подот.
ВИДОВИ НА ПРОНАЦИЈА
Нормалната биомеханика на стапалото ги абсорбира и насочува случувањата на стапалото во текот на одењето, додека стапалото е флексибилно (пронација) и круто (супинација) во различни фази од циклусот на одење. Како што се оптоварува стапалото настанува еверзија на субталарниот зглоб, дорзифлексија на скочниот зглоб, и абдукција на предниот дел на сталото. Пронацијата не треба да се појави по последните фази на отстапување на стапалото од подот. Абнормалната пронација настанува кога стапалото е во пронација при фазата кога треба да е во супинација, или е во хиперпронација при нормалниот период на пронација при циклусот на одењето. Приближно четири степени на пронација и супинација се неопходни за да се овозможи стапалото правилно да се движи напред. Во неутрална положба, стапалото не е ниту во пронација ниту супинација. Ако стапалото се пронира или супинира за време на фазата на стоење или при циклусот на одењето кога треба да биде во неутрална положба, може да постои биомеханички проблем. Иако постојат различни дефиниции како што се опишани од Хорвуд и Чокалингам (https://www.runnersworld.com/gear/a20795259/pronation-explained/), за избор на соодветни обувки, пронацијата може да се опише со три едноставни термини: неутрална пронација, прекумерна пронација и потпронација.
Неутрална Пронација
Некои пронации истотака наречени еверзии, се природно во редовното движење на телото. Неутралната пронација се јавува кога стапалото ќе има нормална, здрав агол на пронација наместо прекумерна или недоволна пронација. Во неутрална пронација, тежината се распределува прилично рамномерно меѓу сите прсти со мал акцент на палецот и вториот палец, кои се подобро прилагодени да се справат со поголем дел од товарот на телото.
Хиперпронација (прекумерна пронација)
Оние кои имаат прекумерна пронација имаат тенденција да се истуркаат речиси целосно од палецот и вториот палец. Како резултат на тоа, шокот од ударот на стапалото не се шири рамномерно низ стапалото и глуждот при што има проблеми со стабилноста на остатокот од телото. Дополнително, се формира неприроден агол помеѓу стапалото и глуждот и стапалото ненормално се наслонува. Вообичаено е дури и за луѓето кои нормално пронираат да имаат одреден агол помеѓу стапалото и глуждот, но не до степен што се гледа кај оние кои имаат хиперпронација. Во нормална пронација, тежината рамномерно се распределува низ стапалото. Истотака кај овие случаи најчесто е присутно и рамно стапало (pes planus) поради нарушениот свод на глуждот.
Причини за хиперпронација
Постојат многу можни причини за прекумерна пронација, но истражувачите сè уште не ја утврдиле основната причина. Компензаторната хиперпронација може да се појави поради анатомски причини, како што е tibia vara од 10 степени или повеќе, валгус на колената, асиметрија на нозете, голема еластичност на лигаментите или поради мускулна слабост или затегнатост во мускулите на гастрокемиус и солеус. Пронацијата може да биде под влијание и од извори надвор од телото. Се покажа дека чевлите значително влијаат на пронацијата. Хинтерман наведува дека истата личност може да има различни количини на пронација само со користење на различни чевли за трчање или одење. Лесно е можно да максималното движење на еверзија на скочниот зглоб е 31 степени за едниот и 12 степени за другиот чевел за трчање. Хиперпронацијата може да има секундарни ефекти на другите делови во телото пример во потколениците како што е зголемена ротација на тибијата, што може да резултира со проблеми на потколеницата или коленото, истотака предизвикува и асиметрија во карлицата како што е (lateral pelvic tilt) и со тоа предизвикувајќи сколиоза во рбетот. Прекумерната пронација обично е поврзана и со многу повреди од прекумерна употреба при трчање, вклучително и стрес синдромот на медијална тибиа (medial tibial stress syndrome). Хинтерман вели: „Поединците со повреди обично имаат пронационо движење кое е околу два до четири степени поголемо од оние без повреди. Меѓутоа, тој додава дека меѓу 40% и 50% од атлетичарите кои имаат хиперпронација немаат повреди од претренираност. Ова сугерира дека, иако пронацијата може да има ефект врз одредени повреди, тоа не е единствениот фактор што влијае во нивниот развој.
Превенција и третман
Ортопедските влошки се користат за пасивна корекција на хиперпронацијата кои се поставуваат во чевли после прецизното скенирање на стапалата од страна на ортопед или физиотерапевт. Влошките се користат и како програма кај лицата со хиперпронација за превенција на повреди на долни екстремитети при трчање или други спортски активности. Истотака како превенција се селектираат чевли кои што ја лимитираат пронацијата на стапалото при активности. Превентивно се користат и техники на кинезио тапе кои што помагаат во ограничувањето на хиперпронацијата.
ИСТРАЖУВАЊЕ НА 102 ЛИЦА СО И БЕЗ СИМПТОМИ ВО БАЛЕТСКО ШКОЛО ОД 3-53 ГОД. ВОЗРАСТ
МАТЕРИЈАЛ И МЕТОДИ
Во истражувањето на 102 лица на постурални деформитети како алатки за постуралната проценка користени се: педи сколиометар, агломер, дигитален 3D плантограф каде што се детектираа деформитети на стапалата.
РЕЗУЛТАТИ
Според резултатите одземени од постуралната проценка кај 102 лица со возраст од 3-57 год. како најдоминантен проблем е хиперпронација на стапало и тоа кај 90 лица, додека втор најдоминантен деформитет се асиметрични плешки и тоа кај 79 лица; трет најдоминантен деформитет е лумбалната сколиоза кај 66 лица, ротација на карлица кај 33 лица; торакална сколиоза 31; 27 anterior pelvic tilt; 24 со лумбална хиперлордоза, 22 со genu recurvatum; 15 вратна хиполордоза (forward head); 12 со genu valgum,10 со кифотично држење; 8 со протракција на плешки; 7 со цервикална сколиоза; 5 со вратна латерофлексија; 2 со genu varum.
ЗАКЛУЧОК
Според горенаведните резултати очигледно е дека лицата кој што имаат деформитети на стапало имаат зголемен ризик на деформитети во рбетниот столб и деформитети на долните екстремитети, пример кај лицата кој што имаат хиперпронација имаат истотака асиметрија на карлица, genu valgum деформитет и сколиоза во рбетот. Кај лицата кој што имаат genu recurvatum имаат хиперлордоза на лумбалниот дел во рбетот додека кифотично држење во торакалниот дел проследена со хиполордоза на вратот.